Поврзете се со нас

Светски првенства

Фиго: Хрватска има потенцијал да го освои СП

Објавено

на

Португалската фудбалска легенда, Луис Фиго смета дека Хрватска има потенција и квалитет да го освои престојното Светско првенство во Катар.

Хрватите беа одлични на претходниот мундијал каде дојдоа до завршниот меч на турнирот каде загубија од Франција со 4-2.

-Мислам дека Хрватска е потенцијален кандидат за освојување на Светското првенство. Имавте голема шанса на минатиот шампионат, мислам дека ако работите и продолжите така и се трудите да бидете се подобри и подобри како другите репрезентации. Имате одлични играчи. Ви посакувам многу среќа во следнoто првенство, -рече Фиго кој испрати комплименти на адреса на Лука Модриќ.

-Мислам дека Модриќ е еден од најдобрите играчи во светот, еден од најдобрите момци во светот. Добар пријател. Мислам дека заслужува се најдобро. Треба да бидете горди на него. Не знам како му успева да биде на тоа ниво во континуитет, сите овие години. Му посакувам уште да ужива во фудбалот и да трае што подолго на ова ниво, -истакна некогашниот член на Барселона, Реал, Спортинг и Интер за Дневник на Нова ТВ.

Хрватска на Светското првенство е во групата Ф со Белгија, Канада и Мароко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни