Лига на шампиони
Фиго ги посочи двата главни фаворити за титулата во ЛШ: Овојпат тоа не е Реал Мадрид

Реал Мадрид е апсолутен владетел во Европа и убедливо најдобар клуб во историјата на Лигата на шампионите, а годинава како бранител на титулата се обидува да стигне до 15-от трофеј во најелитното натпреварување.
„Кралевите“ лесно се пласираа во четвртфиналето и сега ги чекаат две пресметки со Челси, но пред да дојде до разигрување во оваа рунда, во фокусот се најде една изјава на Луис Фиго.
Легендарниот португалски фудбалер кој беше член на Реал Мадрид не се сомнева дека тимот од шпанската престолнина секогаш е на самиот пиедестал кога е Лигата на шампионите во прашање, но сепак верува дека оваа година шампион ќе биде победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен.
– Секогаш мора да сметате на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но овојпат мојот фаворит не е Реал. За мене фаворити се Манчестер Сити и Баерн Минхен, ќе ја освои титулата еден од нив.
– Од моите поранешни клубови, во четвртфиналето е и Интер, но сметам дека нивото во нивниот тим е инфериорно во однос на великаните, – потенцира Фиго.
-
Светпред 23 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 10 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Англијапред 9 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 24 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Лига на шампионипред 22 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…