Светски првенства
Фифпро: ФИФА не смее да помисли на уште еден зимски мундијал

Светската фудбалска федерација во Катар го организираше првиот зимски мундијал, а од асоцијацијата на професионални играчи (Фифпро) апелираат тоа да биде прв и последен ваков турнир.
ФИФА беше задоволна од квалитетот на натпреварите, но ФИФПро вели дека времето за подготовки и одмор на фудбалерите пред и по првенството биле недозволиво кратки.
Фудбалерите се загрижени бидејќи Саудиска Арабија е кандидат за СП 2030 и сака да биде организатор по ист терк, па дури и противкандидатие Шпанија и Португалија можат да се вклопат во системот.
– Повторувањето на ваков турнир е неприфатливо.
– Ако сакате зимски мундијал, мора да се разговара со националните првенства да го променат распоредот, за да добие време за подготовки и рекуперација. Тоа би значело пауза од два и пол месеци и не гледам како тие би прифатиле такво нешто, – вели Јонас Баер-Хофман, генерален секретар на Фифпро.
Од асоцијацијата го истакнуваат фактот дека Камил Глик играл за Беневенто четири дена по елиминацијата на Полска, а Рафаел Варан за Манчестер Јунајтед само осум дена по поразот на Франција во финалето.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 11 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)