ФИФА со жестока порака ги „поздрави“ Роналдо и Меси

kiki-mesi-sveceni

Кристијано Роналдо и Лионел Меси одлучија да не присуствуваат на гала вечерта на ФИФА која започна пред извесно време, а таквиот пристап на двете големи ѕвезди кои беа составен дел од сите церемонии во последните 10 години наиде на доста негативни коментари во јавноста.

Непојавувањето на Лео и Кристијано секако најмногу е резултат на тоа што и двајцата се надвор од конкуренција за добивања на најпрестижната награда, но сепак во јавноста се остави впечаток дека големите ѕвезди со ваквиот однос покажуваат непочитување кон другите колеги кои се појавија вечерва во Лондон.

Во контектст на ова, угледната мадридска „Марка“ го пренесе ставот на ФИФА околу оваа тема, а истиот не е воопшто благонастроен кон играчите кои ги освоија последните 10 награди доделени од страна на светската куќа на фудбалот.

– Роналдо и Меси си поигруваат со престижот на фудбалот, а не се свесни дека го права тоа. Штета во овој случај трпи спортот, но потоа и самите тие, – гласи ставот на ФИФА, цитиран од срана на угледниот шпански медиум.

Facebook Коментари