Поврзете се со нас

Шпанија

„ФИФА вирусот“ го шокираше Чави: Четврти повреден играч во неполни 24 часа!

Објавено

на

Паузата од клупските обврски не значеше пауза за големите фудбалски ѕвезди, бидејќи возбудувањата на терените продолжија со натпреварите во Лигата на нации во Европа, но и пријателски средби во останатиот дел од светот.

Овие натпревари често знаат да бидат окарактеризирани како нејнеблагодарни за фудбалските стручњаци кои работат во фудбалските великани, а најдобар пример за тоа доби Чави Ернандес во период помал од 24 часа.

Двајца играчи на Барселона вчера не ги доиграа натпреварите за своите селекции, а покрај Кунде и Депај, по средбата на Холандија, му беше дијагностицирана повреда и на Френки Де Јонг.

Медицинските тимови на Франција и Холандија веќе информираа дека тројцата фудбалери веднаш ќе бидат испратени во Барселона на дополнителни прегледи, но ако случајот на Де Јонг не изгледа страшен, оние на Кунде и Депај изгледаат доста посложени.

Првичните прогнози се дека ќе паузираат најмалку еден месец и дека ќе го пропуштат големото „Ел Класико“ во месец октомври, но тука не е крајот на лошите вести за Чави, бидејќи вечерва пристигна лоша вест и од селекцијата на Уругвај. После само пет минути игра, Роналд Араухо го напушти теренот со очигледни болки во пределот на препоните, па ако се работи за посериозно истегнување, Чави ќе остане и без својот втор важен дефанзивец за згуснатиот период кој следи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни