Англија
„ФИФА вирус“: Разочараниот Клоп потврди дека загуби важен стартер на три месеци

Во период кога клупскиот фудбал има неверојатно згуснат и напорен распоред, најлоша вест за тренерите се и репрезентативните обврски, пред се поради тоа што доста често знае да дојде до тешки повреди.
Нејмар стави крај на цела сезона откако го скина предниот вкрстен лигамент и нема да одигра ниту еден натпревар до крајот на 2024-та година, но „ФИФА вирусот“ го зафати и Ливерпул и донесе лоша вест за Јирген Клоп.
Енди Робертсон се повреди на мечот на Шкотска и неговото рамо беше имобилизирано неколку дена, но дополнителните прегледи од експертите донеле до заклучок дека единствено вистинско решение е операција.
Клоп денеска потврди дека сигурниот стартер на левата бековска позиција ќе го нема долго на располагање, а медицинската пракса вели дека ќе биде во аут најмалку три месеци.
– Одлуката кон која одиме е операција, а тоа значи дека Робертсон ќе го нема долго време. Имаше мала шанса да пробаме без операција, но после советите од неколку експерти, изгледа дека операцијата е најдобро решение кога се гледа на долгорочен план. Искуството вели дека ќе може брзо да се врати на тренинзите, но кога е во прашање натпреварувачки ритам, нема да сметаме на него долго време, – изјави разочараниот Клоп.
-
Македонијапред 20 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 19 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 11 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 22 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата