Поврзете се со нас

Свет

ФИФА се закани дека ќе го исфрли Бразил од сите натпреварувања!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FIFAWorldCup

ФИФА како најважно фудбалско тело во светскиот фудбал денеска испратил официјален допис до бразилската Фудбалска Конфедерација, во кој на „кариоките“ им е испратена закана за исфрлување од сите натпреварувања, вклучувајќи ги и оние на клупски план.

Светската Фудаблска Федерација има строги правила кога се во прашање мешањата на ненадлежни судови и политичари во фудбалската сфера, а токму тоа се случи во Бразил пред извесно време.

Судот во Рио де Жанеиро го разреши од должност досегашниот претседател Едналдо Родригез и со тоа бразилската Конфедерација влезе во управувачка криза, по што пристигна најава за предвремени претседателски избори.

Ваквите мешања на ненадлежни судови се строго забранети од УЕФА и за дадената ситуација се смета дека вмешале прсти луѓе од владата, па токму поради тоа, водечките луѓе во бразилскиот фудбал денеска го примиле писмото во кое е испратена закана за исфрлање од сите натпреварувања.

Планот на ФИФА и КОНМЕБОЛ е да се испратат луѓе во Бразил на почетокот на новата година и оттаму да добијат објаснување за новонастанатата ситуација, која ако се оцени како неприфатлива, може да донесе многу тешки денови за фудбалерите и фановите на земјата во која се живее за фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни