Поврзете се со нас

Светски првенства

ФИФА реши да ги избрише картоните пред мундијалскиот плејоф, Италија профитираше најмногу

Објавено

на

Светската фудбалска федерација (ФИФА) донела одлука со која им ги избриша картоните на фудбалерите кои настапуваат за репрезентациите – учесници во мундијалскиот плејоф.

Ова значи дека фаворитите како Италија и Португалија ќе можат порелаксирано да ги пречекаат првите, полуфинални натпревари, со оглед на фактот што нивните фудбалери нема да бидат под закана за суспензија за евентуалното финале.

Вистински пример е италијанската репрезентација која имаше дури десет репрезентативци со еден жолт картон, кои ќе мораа да бидат многу внимателни на дуелот со Македонија, за да не отсуствуваат од најважниот натпревар.

На списокот беа Барела, Бернардески, Кјелини, Донарума, Инсиње, Пелегрини, Песина, Толои, Тонали и Киеза кој и онака нема да игра против Македонија поради повреда.

За жал, Македонија нема да смета на Елиф Елмас, кој ќе го пропушти дуелот со Италија бидејќи веќе заработи суспензија.

Одлуката на ФИФА ќе значи бришење на картон на вкупно 100 фудбалери од 12 репрезентации кои се дел од плејофот.

На мини-турнирот кој е најважен за нас, покрај Италија и Македонија, ќе играат Португалија и Турција, а победниците ќе се борат за едно место на СП во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни