Светски првенства
ФИФА размислува за СП со 64 репрезентации во 2030 година

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе го разгледа предлогот за еднократно зголемување на бројот на мундијалски учесници за Светското првенство во 2030 година.
Овој мундијал има посебно значење бидејќи со него ќе се прослави 100-годишниот јубилеј од одржувањето на првото СП во Уругвај во 1930 година, па претставник на Уругвајската фудбалска федерација предложил и дополнително зголемување на бројот на учесници.
Мундијалот во 2026 година ќе биде прв со 48 репрезентации и се очекуваше дека оваа бројка ќе остане активна барем една или две децении, пред евентуална нова експанзија, но јубилејот може да донесе и дополнително зголемување веќе за пет години.
СП во 2030 година има уникатен концепт и во однос на организаторите, бидејќи ќе започне со по еден натпревар во Уругвај, Парагвај и Аргентина, за останатите натпревари да се играат во Шпанија, Португалија и Мароко.
-
Англија23 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација14 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Светски првенства23 часа
Англија со нова победа без примен гол, прва радост за Албанија
-
Свет13 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија15 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 113 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Шпанија14 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Свет14 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…