Поврзете се со нас

Свет

ФИФА потврди учество на славен клуб на Светското клупско првенство

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/fifamedia

Светското клупско првенство во 2025 година ќе се игра во нов формат, што подразбира учество на повеќе екипи, повеќе натпревари, но и поголема заработка за учесниците.

ФИФА веќе потврди голем број на клубови кои ќе бидат дел од првото издание според однапред утврдените критериуми, а од денеска остануваат уште само пет испразнети места.

Последен клуб кој обезбеди место на клупскиот мундијал е славната Ривер Плата, а аргентинскиот клуб доби ваква можност преку својот ранкинг, односно доволен му беше изборениот пласман во нокаут фазата на Либертадорес купот.

Покрај Ривер Плата, од Јужна Америка пласман на клупското СП веќе обезбедија и Флуминенсе, Фламенго и Палмеираш, а остануваат уште две испразнети места.

Од Европа се познати сите учесници, предводени од последните три европски шампиони, додека отворени места има уште во Јужна Америка, Северна и Средна Америка и Азија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни