Поврзете се со нас

Светски првенства

ФИФА покрена истрага кон репрезентација која веќе е пласирана на Мундијалот, можно е да биде исфрлена

Објавено

на

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) започнала истрага против репрезентацијата на Еквадор поради наводно користење на лажни документи на еден свој репрезентативец.

Станува збор за фудбалерот Бирон Дејвид Кастиљо  кој играл со лажни документи на кои пишувало дека е Еквадорец, а тој всушност бил Колумбиец.

Ваквата жалба ја поднел Фудбалскиот сојуз на Чиле кој се пожалил до Дисциплинската комисија на ФИФА од каде пак ја собрале целокупната документација и почнале да го истражуваат случајот.

Кастиљо одиграл осум натпревари за Еквадор, а сега од Чиле бараат сите натпревари на кои играл тој да бидат регистрирани со службени 3:0 за ривалот. Со тоа учеството на Еквадор на Мундијалот ќе биде невозможно, а таму веројатно право за настап ќе добие токму Чиле.

Еквадор на ждрепката за Светското првенство падна во групата А заедно со домаќинот Катар, Холандија и Сенегал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни