ФИФА со ново правило ќе ги заштитува младите фудбалери

Giani-Infantino

Од редовите на светската куќа на фудбалот, ФИФА, планираат да воведат правило со кое ќе го ограничат правото на клубовите да испраќаат играчи на позајмици.

Од Комитетот за фудбалски интереси при ФИФА се сретнале во Лондон со претставници на Европската клупска асоцијација, Форумот на светските лиги и со лица од ФИФПро и на оваа средба се дискутирало клубовите да бидат ограничени и да може да испратат само шест фудбалери на позајмици во други клубови.

Засега не постои ваков лимит, па во клубовите ширум Европа може да видиме безброј млади таленти кои понекогаш остануваат „заробени“ во преминот од младиснките во сениорските категории, па тоа им прави проблем за дополнителен развиток.

Токму затоа, од ФИФА ќе предложат вакво ограничување со цел да се спречи масовното праќање на млади фудбалери на заем во други клубови.

Јувентус е убедливо на врвот со дури 41 млад фудбалер испратен на позајмица, а по италијанскиот гигант следат Челси и Манчестер Сити кои имаат пратено 22, односно 18 таленти на калење во други клубови.

Facebook Коментари