Шпанија
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час

Барселона одигра одличен натпревар на „Бенито Виламарин“ и го победи Бетис со 1:2, но по триумфот, спортскиот директор Матеу Алемани зборуваше и за последниот ден од зимскиот преоден рок, во кој Чави сепак не доби едно засилување како што посакуваше.
Тренерот на Барса посочи дека ќе биде добро ако тимот добие играч плус по заминувањата на Пике, Депај и Белерин, а иако клубот напорно работел на тоа до последен час, на крајот трансферот не се случил поради иноформатичка грешка.
Барселона ги подготвила сите документи за Хулијан Араухо од Мексико кој игра на позицијата десен бек, но младиот 21-годишен фудбалер бил пријавен во Ла Лига со задоцнување од 18 секунди.
Тоа се случило поради технички проблем, а доцнењето од само 18 секунди направи Барселона да испрати жалба до ФИФА со цел да се одобри трансферот.
За жал, одлуката на ФИФА не е позитивна за Барса, бидејќи највисокото тело во фудбалот не дало зелено светло и трансферот и официјално важи за пропаднат.
-
Македонијапред 11 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 19 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 21 час
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……