Поврзете се со нас

Италија

ФИФА му одговори на Де Лаурентис за барањето Јувентус да биде елиминиран од Светското клупско првенство

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Аурелио Де Лаурентис го најави последното дерби меѓу неговиот Наполи и Јувентус со контроверзна најава, која беше директен напад кон италијанскиот ривал.

Првиот човек на актуелниот италијански шампион истакна дека ги ангажирал своите адвокати, чија задача е да формираат предмет поради кој ФИФА би го елиминирала Јувентус од учество на Светското клупско првенство во 2025 година, а местото да му припадне на Наполи.

Де Лаурентис својот став го базира на фактот што Јуве сезонава не игра во Европа по спогодбата со УЕФА и поради тоа треба да биде дисквалификуван и од натпреварувањето на ФИФА.

Случајно или не, ФИФА преку социјалните мрежи денеска објави информација поврзана токму со преостанатото место за италијанските клубови на клупскиот мундијал, индиректно одговарајќи на провокативниот став на Де Лаурентис.

– Јувентус ќе се квалификува за Светското клупско првенство во 2025 година ако Наполи и Лацио не ја поминат актуелната рунда во Лигата на шампионите. Доколку еден или двата клуба продолжат понатаму, прашањето за учесникот ќе биде одредено подоцна, – стои во објавата на ФИФА.

Наполи треба да стигне до полуфиналето за да го надмине Јувентус со коефициентот, додека Лацио треба да го освои натпреварувањето за да стигне до учество на турнирот кој доби нов формат и на кој ќе учествуваат повеќе клубови од сите континенти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни