Свет
ФИФА му изрече жестока суспензија на некултурниот Ето
Самуел Ето беше еден од најдобрите напаѓачи во светот во своите играчки денови, но откако реши да се префрли во други води и да ја води Федерацијата на Камерун, поранешниот голгетер режираше низа скандали.
Ето се најде во фокусот на јавноста поради заканите кои им ги испраќаше на селекторите на различни камерунски репрезентации, но сега е казнет од ФИФА поради недолично однесување на Светското првенство за жени д0 20 години.
Според објаснувањето на светската Федерација, Ето го прекршил ФИФА кодексот според две точки со своите погрдни зборови за противниците и официјалните лица на натпревар на мундијалот, а во дадениот случај станува збор за осминафиналето меѓу Бразил и Камерун.
Ето ја прелил чашата на толерантност кај ФИФА и со своето некултурно однесување предизвика реакција од дисциплинците, кои денеска соопштија дека Самуел е суспендиран во период од шест месеци.
Тој нема да има право да се појави на ниту еден натпревар за Камерун во било која категорија, или конкуренција, а суспензијата стапува на сила од денеска и ќе трае во наредните 180 денови.
-
Италијапред 18 часа
Фабрегас му симна капа на еден играч на Наполи: „Мама миа“, каков фудбалер!
-
Англијапред 20 часа
Ридигер: Само двајца стопери можат да го чуваат Халанд во Премиер лигата
-
Италијапред 21 час
МекТоминеј постигна гол после 25 секунди, Конте почна да ужива во Неапол (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Погба со едноставна објава означи победа во „допинг војната“ (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Пацерски автогол за фудбалските анали: Голманот на Лидс направи невидена глупост во 97. минута (Видео)
-
Италијапред 7 часа
Конте изненаден од својот Наполи: Да ми кажуваше некој пред три месеци…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти детектирал два проблеми со своите играчи од Реал: Свесни сме што треба да направиме
-
Францијапред 21 час
Евра: 99 проценти е сигурно дека Погба нема да го облече дресот на Јуве, јас веќе му се јавив на Бенатија