ФИФА му изрече смешна казна на Манчестер Сити за неправилностите во работата

fifa

Долгата и исцрпна истрага која ја водеше ФИФА против Манчестер Сити беше протолкувана како голема можност „граѓаните“ да заработат жестока казна од светската куќа на фудбалот, но сепак највисокото тело кое преседава во Цирих денеска донесе една смешна одлука, или поточно казна која без проблеми ќе ја одработи англискиот шампион.

Многумина прогнозираа дека Сити конечно може да биде казнет со забрана за купување на нови фудбалери во два преодни рока поради неправилно регистрирање на фудбалери помали од 18 години, но наместо тоа, „соломонското решение“ на ФИФА донесе парична казна која нема да претставува никаков проблем за милијардерите во чија сопственост е Сити.

После долга анализа, дисциплинската комисија на ФИФА процени дека Сити се задржал до дел од своите одговорности при комплетирањето на зделките, а поради тоа што има неправилности, ќе заработи казна 370 илјади швајцарски франци, или 339 илјади евра.

Facebook Коментари