Поврзете се со нас

Свет

ФИФА му изрече казна на Мартинез за последниот недоличен потег (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Argentina

Емилијано Мартинез веќе со години наназад е прв голман на Аргентина, а како човек кој беше важен за многу големи успеси, Дибу повремено знаеше да се најде и во центарот на вниманието.

Голманот на Астон Вила веќе е познат на јавноста како голем провокатор и играч кој не знае баш да трпи пораз, но и по неговите вулгарни гестови по некој голем освоен трофеј.

Последен негов испад беше оној по поразот од Колумбија во септемвриските квалификации, а после сите глупости кои ги направи последниве години, ФИФА конечно реши да го казни чуварот на мрежата.

Мартинез заработува два меча суспензија од ФИФА и нема да може да игра за Аргентина на натпреварите против Венецуела и Боливија, а во соопштението се вели дека казната е додела поради удирањето на камерманот по мечот со Колумбија, како и за недоличниот гест од последното издание на Копа Америка.

Покрај тоа, во објавата на ФИФА се цели дека Мартинез ќе мора да исплати и 15 илјади франци во касата на Светската фудбалска организација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни