Поврзете се со нас

Свет

ФИФА му додели изненадувачка награда на Роналдо, Португалецот откри уште колку години планира да игра

Објавено

на

Кристијано Роналдо не заврши во топ три изборот на ФИФА за најдобри играчи во 2021-ва година, но затоа Светската фудбалска организација смисли ново признание за време на „The Best“ церемонијата во чест на португалската гол машина.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед на крајот на минатата година испиша историја и стана играчот со најмногу репрезентативни голови на сите времиња, надминувајќи го Али Даеи кој долго време беше на врвот на вечната листа.

Поради историските 115 голови постигнати за Португалија до овој момент, ФИФА реши да воведе нова награда на церемонијата и всушност измисли признание за да му го врачи на Роналдо, кој пак реши да им се заблагодари на сите свои соиграчи, со напомена дека планира да остане фудаблски активен уште најмалку четири години.

Кристијано ќе наполни 37 години наредниот месец, но тој е уверен дека може да игра до 41 или 42-годишна возраст.

– Сакам да им се заблагодарам на сите мои португалски соиграчи за оваа награда. Имам 115 гола и ова е специјална награда. Горд сум на себе и моето семејство. Посебна е честа да се биде најдобар репрезентативен голгетер на сите времиња. Очекувам да играм фудбал уште четири или пет години. Ако добро го чувате телото, тоа ќе одговори исто се додека ви е потребно, – порача Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни