Светски првенства
ФИФА ќе ја казни Србија поради контроверзното знаме во соблекувалната (Фото)

Српската фудбалска репрезентација загуби на првиот меч на Светското првенство и веќе се подготвува за вториот кој се игра задутре, но водечките луѓе на Федерацијата ќе имаат доста напорни часа до понеделник поради истрагата која ја отвори ФИФА.
Светската фудбалката Федерација официјално отвори истрага против Србија и повеќе од веројатно е дека ќе изрече казна за нашиот северен сосед, сето тоа како последица на политичката порака испратена од првиот меч.
Знаме од соблекувалната на Србија на кое пишува „нема предавање“ и на кое беа исцртана територијата на Косово стана вирален хит на социјалните мрежи, но тоа предизвика остра реакција од повеќе институции во Косово.
Поплаките на крајот стигнаа и до ФИФА, а најважната Федерација попладнево го извести фудбалскиот сојуз на Србија дека е под истрага поради сомнеж за сомнителни пораки кои немаат никаква врска со фудбалот.
Светската куќа на фудбалот не објави кога ќе излезе со пресуда за оваа дисциплинска постапка, но многу веројатно е дека ќе се знае епилогот до понеделник пред 11 часот, термин во кој Србија ќе игра против Камерун.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти