Англија
ФИФА ќе го испитува трансферот на Бруно Фернандеш и неговата клаузула
Од светската куќа на фудбалот, ФИФА, потврдија дека ќе го испитуваат последниот трансфер на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон во Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед нема никаква врска со случајот, па фановите на „ѓаволите“ може да останат мирни во целата оваа процедура.
Од ФИФА се нафатија на испитување на случајот по жалбата од Сампдорија која смета дека Спортинг Лисабон не го испочитувал нивниот договор од пред неколку сезони.
Кога Бруно Фернандеш си заминуваше од Сампдорија, во договорот беше вметната и клаузула според која италијанскиот клуб би добил 10% од следниот трансфер на играчот.
Така, Сампдроија сега си ги бара своите пет милиони евра од Спортинг Лисабон, а португалскиот клуб наводно досега одбивал да ги плати.
– Работата во моментов се истражува и со оглед на тоа не можеме да ви дадеме дополнителни коментари, -кратко одговори портпаролот на ФИФА.
-
Балканпред 22 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 9 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 7 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 14 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ