Поврзете се со нас

Светски првенства

ФИФА ја одби жалбата на Јужна Африка за контроверзниот пенал на Гана

Објавено

на

Светската фудбалска федерација (ФИФА) конечно се изјасни по жалбата на фудбалската репрезентација на Јужна Африка и ја потврди минималната победа на Гана во квалификацискиот натпревар за СП во Катар.

Гана победи со 1:0 преку сомнителен пенал, а реми ја водеше Јужна Африка во следната фаза од квалификациите, па поразената селекција испрати жалба поради сомнителните одлуки на главниот судија и посебно досудениот пенал под чудни околности.

Федерацијата на ЈАР обвини дека судијата бил корумпиран и го „честел“ противникот, но ФИФА денеска ја одби жалбата и селекцијата во чиј стручен штаб е нашиот Чеде Јаневски, остана без можност да се бори за мундијалска виза.

ФИФА ја одби жалбата и на селекцијата на Бенин, откако федерацијата на оваа африканска земја протестираше затоа што селекторот на ДР Конго направил четири замени во четири различни временски периоди од натпреварот.

Гана победи со контроверзен пенал, Јужна Африка ќе се жали до ФИФА (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни