Македонија
ФИФА и УЕФА повторно застанаа зад ФФМ, се понудија да се вклучат и во комуникацијата со властите!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на прес конференцијата одржана на 22 јануари ја информираше јавноста за манипулативно известување со неважечка содржина, споделено од Агенцијата за млади и спорт. Сејдини оцени дека реченото имали за цел да фрли сенка на одличната година која е зад Фудбалската федерација на Македонија, во која беа постигнати големи успеси.
Денеска ФФМ повикувајќи се на транспарентност и посветеност кон вистинските фудбалски вредности, го сподели соопштението на ФИФА и УЕФА потпишано од генералните секретари Фатма Самура и Теодор Теодоракис, упатено на 29 јануари до генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
Во истото, се повторува силната препорака дека Статутот не може да се менува пред изборите, како и дека ФИФА и УЕФА ја поддржуваат ФФМ да направи комплетна ревизија откако изборите ќе поминат.
– Иако датумот на изборното Собрание сеуште не е утврден, веруваме дека истото ќе се одржи навремено и во разумен рок. Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на усогласеност на истиот со Статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство.
Дополнително, ФИФА и УЕФА во соопштението наведуваат поддршка за ФФМ во организација на Изборното собрание.
– Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание. Ве молиме да продолжите да не информирате за расплетот по ова прашање, при што остануваме на располагање за натамошни појаснувања, вклучувајќи и директна комуникација со релевантните власти, доколку е тоа потребно,- се вели на крајот од соопштението.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
АБА лига23 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија24 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија20 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
АТП6 часа
„Тајмс“: Ѓоковиќ и Мари донесоа конечна одлука за меѓусебната соработка
-
Шпанија21 час
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити