Поврзете се со нас

Свет

ФИФА и изрече казна на Албанија пред натпреварот од висок ризик против Србија

Објавено

на

Foto:x.com/FSHForg

Натпреварите меѓу Албанија и Србија секогаш се окарактеризирани како пресметки од висок ризик, а во пресрет на дуелот кој следи меѓу овие две селекции во месец јуни, ФИФА денеска излезе со соопштение за изречена казна за домаќинот.

Светската Фудбаслка асоцијација изреча казна за Албанија поради недоличното однесување на навивачите на натпреварот против Андора, па поради тоа, Федерацијата на оваа земја ќе мора да плати 20 илјади швајцрски казни, но и да затвори 20 процени од капацитетот на стадионот во Тирана.

Оваа казна важи за натпреварот против Србија кој се игра на 7-ми јуни во рамки од квалификациите за Светско првенство, но во наредните два месеци, албанската Федерација како важно фудбалско тело ќе мора да изработи анти-дискриминирачки план за подобрување на навивачката култура во земјата.

Инаку, албанските навивачи на натпреварот против Андора испратија низа провокативни пораки до Србите како резултат на заедничката организација која ќе ја имаат двете земји за младинското фудбалско првенство во 2027-ма година, нешто што не наиде на одобрување и во јавноста во Србија, но и во Албанија.

Албанија по две одиграни кола во квалификациите има половичен учинок од победа и пораз, додека Србија не играше во месец март поради настапите во Лигата на нации и својот прв натпревар ќе го има токму против Албанија во Тирана.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни