ФИФА го промени стадионот за најважните натпревари на Светското клупско првенство

milner

Ливерпул ќе ја претставува Европа на претстојното ново издание на Светското клупско првенство кое ќе се одржи во Катар, а денеска англискиот клуб бил информиран дека ФИФА го променила стадионот на кој ќе го игра своето полуфинале.

Новиот стадион во Доха на кој требаше да се одигра овој меч, како и финалето и дуелот за третото место не успеал навреме да ја финишира процедурата за добивање официјална дозвола, па неговото свечено отворање е префрлено во 2020 година.

Поради ова, натпреварите на Светското клупско првенство ќе се играат на стадионот „Халифа“ исто така во Доха, кој има капацитет од 45.416 гледачи.

Клупскиот мундијал започнува на 11 декември, но Ливерпул ќе стартува од полуфиналето на 17 декември.

Facebook Коментари