Поврзете се со нас

Светски првенства

ФИФА го претстави трофејот за клупското СП, златниот потпис е на престижниот бренд „Тифани“

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/fifamedia

Светската фудбалска федерација денеска гордо го претстави трофејот кој ќе му биде доделен на победникот на Светското клупско првенство во 2025 година.

Претседателот Џани Инфантино се пофали со иновативноста и дизајнот на трофејот на кој може да се забележи мапата на светот, имињата на сите конфедерации и други детали поврзани со клупскиот мундијал.

– Новото клупско СП со 32 екипи заслужува ваков трофеј, дизајниран од ФИФА и направен во соработка со „Тифани&Ko“, горд сум што можам да претставам ваков трофеј. Тој е престижен, безвременски, златен трофеј кој е симбол на иднината и е инспириран од минатото, – истакнал Инфантино.

32 екипи ќе одиграат 63 натпревари на 12 стадиони во САД, а ждрепката за групите ќе биде одржана на 5. декември.

Финалето на клупскиот мундијал е закажано за 13. јули во Њу Џерси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни