Поврзете се со нас

Свет

ФИФА го послуша Французинот: Револуционерното „Венгер правило“ ќе се тестира во светскиот фудбал (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FIFAcom

Арсен Венгер е советник на ФИФА од првиот ден кога заврши со својата работа во Арсенал, па во изминативе години се истакна како еден од луѓето кои даваат интересни идеи за иновации во фудбалот.

Легендарниот француски стручњак во повеќе наврати ги критикуваше маргиналните офсајди кои се одредуваат со ВАР и посочи дека милиметарското мерење ја уништува убавината на фудбалот, па водејќи се по неговите предлози, ФИФА сега ќе тестира едно ново правило во младинските категории во Шведска.

ФИФА и ИФАБ го одобрија „правилото Венгер“ за шведските натпреварување до 19 и 21 година, во кои во новата сезона ќе се тестира ново офсајд правило, според кое недозволена ситуација ќе се суди само ако офанзивниот фудбалер е со цело тело пред одбраната на противничкиот тим.

Оваа нова методологија ќе се тестира во Шведска и сите ја поврзуваат со Арсен Венгер, но планот на ФИФА и ИФАБ е да се имплементира и во младинските категории во Холандија и Италија.

– Малку се сомневавме на почетокот, но потоа ни објаснија поубаво и ни изгледа во ред. Решивме да бидеме дел од иновацијата, особено бидејќи станува збор за категорија каде може да се експериментира. ФИФА добро ни го продаде ова правило, веруваат многу во нашиот фудбал и во организацијата која ја имаме, – вели Пер Виден, член на фудбалската Федерација на Шведска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни