Поврзете се со нас

Шпанија

ФИФА го круниса Винисиус за најдобар фудбалер за 2024 година

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Винисиус Жуниор е прогласен за фудбалер на 2024 година во изборот на ФИФА, со што стигна до престижно индивидуално признание како резултат на своите настапи претходната сезона.

Членот на Реал Мадрид и бразилската репрезентација со задоволство го презема трофејот на свеченоста организирана од Светската фудбалска федерација и за него ова е прва награда од ваков тип.

Вини е првиот Бразилец кој е прогласен за број еден од ФИФА и воопшто прв претставник на јужноамериканската земја кој го добил признанието откако го носи префиксот „Д Бест“.

До посакуваната награда стигна благодарение на триумфот во Лигата на шампионите, шпанскиот Супер купот и Ла Лига со Реал Мадрид, како и важните голови кои ги постигна во овие натпреварувања.

За разлика од „Златната топка“, Винисиус сега ја доби битката со Родри освојувајќи 48 поени во гласањето, додека шпанскиот репрезентативец останал на второто место со 43 поени. Џуд Белингам од Реал Мадрид стигнал до третото место со 37 поени.

Во првата десетка биле уште Карвахал, Јамал, Меси, Крос, Халанд, Мбапе и Вирц.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни