ФИФА го избра најдобриот гол на мундијалот во Русија (Видео)

telstar-bozica

Светското првенство во Русија заврши пред точно 10 дена, но сеќавањата на фудбалските фанови од феноменалниот турнир се уште се многу свежи, уште повеќе ако се знае какви се убави погодоци видовме во фантастичните 30 дена во кои можевме да уживаме.

Титулата светски шампион ја понесоа Французите благодарение на компактната игра и победата од 4:2 во финалето против Хрватска, а сега еден член од оваа селекција го понесе и признанието за најдобар гол на турнирот во Русија. Погодокот на Бенжамин Павар во осминафиналето против Аргентина е избран за гол на турнирот од страна на ФИФА, а за истиот всушност гласаа фудбалските фанови преку веб страната на светската фудбалска федерација.

Во изборот на најдобрите се најдоа и погодоците на Меси, Роналдо, Модриќ, Кварезма, Кинтеро, Муса, Крос, Чадли и Черишев, но сепак на врвот е ремек-делото на Павар поради тежината на ударот и начинот на кој топката влезе во голот.

Facebook Коментари