ФИФА го избра главниот судија за големото финале на мундијалот и направи историја (Фото)

nestor-pitana

Фудбалското светско првенство во Русија е пред самиот крај и во сабота и недела се играат последните два натпевари од мундијалското патешествие во кое уживавме во изминативе 30 дена, а ако вчера стана познато дека во големото финале ќе играат Франција и Хрватска, оваа вечер ФИФА донесе и конечна одлука за тоа на кој судија ќе му припадне најголемата одговорност.

Светската куќа на фудбалот одлучи честа да му ја додели на искусниот аргентински судија, Нестор Питана, арбитар кој мора да се напомене дека се покажа како најкоректен и најстрог во изминатиот дел на мундијалот, покажувајќи импресивен капацитет да воспостави ред на теренот и покрај притисокот од ѕвездите.

За Аргентинецот ова ќе биде вистински врв во неговата судиска кариера откако претходно за првпат беше делегиран на еден мундијал пред четири години, а интересно е тоа што Питана ќе биде судијата кој го отвори ова Светско првенство со мечот Русија и Саудиска Арабија и сега арбитарот кој ќе го затвори фудбалскиот спектакл во Русија со финалето Франција-Хрватска.

Питана им судеше на Хрватите во осминафиналето кога „коцкестите“ славеа во пенал рулетот со Данска, додека ја делеше правдата и на мечот меѓу Франција и Уругвај кој „триколоите“ го добија со 2:0. Ова го прави Питана прв судија во историјата кој им судел претходно во текот на турниот на двете селекции кои стигнале до големото финале, уште еден интересен податок поврзан за Аргентинецот кој одлучи да им испрати порака на двете селекции.

– Почестен сум со изборот да бидам судијата кој ќе ја дели правдата во финалето! Им посакувам многу среќа на двата тима. Се надевам деќа ќе бидам на ниво, ќе дадам се од себе!, – порача Питана чии помошници ќе бида Ернанд Маидана и Хуан Белати како линиски судија, Кујперс ќе биде четврти, а Ервин Зеинстра помошен судија.

Facebook Коментари