Поврзете се со нас

Светски првенства

ФИФА ги потврди домаќините за мундијалите во 2030 и 2034 година (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/fifamedia

ФИФА одржа виртуелен конгрес и официјално ги потврди земјите домаќините на фудбалските мундијали во 2030-та и 2034-та година, настан кој не донесе преголема неизвесност поради тоа што имаше кандидатури од само четири земји.

Светската интернационална организација потврди дека домаќините на Светското првенство во 2030-та година ќе бидат три земји, а тоа се Шпанија, Португалија и Мароко, додека она четири години подоцна ќе се организира само во една земја.

Тоа што се најавуваше подолго време, денеска доби официјална потврда, па Светското првенство во 2034-та ќе биде слично како она последното во Катар, бидејќи организатор на настанот ќе биде Саудиска Арабија.

Големата промоција на фудбалот која ја направи оваа земја со ангажман на извонредни ѕвезди на крајот донесе резултат, па за десет години отсега ќе гледаме мундијал во Саудиска Арабија.

Џани Инфантино не го криеше задоволството што двете идеи биле одобрени од најголем дел од членовите на ФИФА, организација која пред неколку месеци информираше дека Светското првенство за две години отсега ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни