Свет
ФИФА ги откри гласовите на селекторите и капитените: Милевски го игнорирал Винисиус, Барди му дал предност на Родри
ФИФА традиционално во својот избор за најдобар играч на годината ги вклучува капитените и селекторите на фудбалските репрезентации, а откако најпрестижното признание му беше предадено на Винисиус Жуниор, светската Федерација ги откри и гласовите од гласањето.
Секоја членка на ФИФА има право да даде по три гласа во категорија на селектор, капитен и новинар, па интересно е да се напомене дека Благоја Милевски и Енис Барди во ниту еден случај не го гледаа Винисиус како победник на церемонијата „The Best“.
Македонскиот селектор не му дал ниту еден бод на Винисиус Жуниор, но затоа им дал пет и три поени на Дани Карвахал и Џуд Белингам.
Според фудбалското гледиште на Милевски, на третото место е Родри кој добил еден бод, а вреди да се напомене дека Шпанецот ја загуби битката со Винисиус само поради тоа што капитените дале повеќе гласови за Бразилецот.
Енис Барди на првото место го сместил добитникот на „Златната топка“ од Манчестер Сити, три бода му доделил на Винисиус, а еден на Ерлинг Халанд.
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија20 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија16 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан