ФИФА ги објави цените и начинот на купување билет за СП во Русија 2018

FIFA Bileti

ФИФА ги објави цените на билетите за Светското Првенство во Русија кое ќе се одржи во 2018 година. Досега на Светското првенство сигурни се само пет учеснци кои изборија пласман, но, сепак поради безбедносен аспект, ФИФА реши да го направи овој потег и продажбата да ја направи во две фази.

Првата фаза стартува од денес со почеток во 12 часот преку аплицирање на официјалната страна на ФИФА и ќе трае до 12 октомври. После тоа, ќе се пристапи кон интернет лотарија, по што ќе бидат објавени добитниците во втората фаза и со потврдата-документот дека се избрани, ќе можат да го купат билетот и ќе добијат низа погодности како бесплатен виза влез во Русија, бесплатни патувања меѓу градовите домаќини на натпреварите и бесплатен градски превоз.

Цените на билетите ќе стартуваат од скоро 90 евра па се до 917 евра, во зависност на натпреварите.Посебна категорија на билети ќе бидат пуштени во продажба и за домаќинот Русија, кои ќе бидат со повластени цени и бенефиции само зошто се домаќини и тоа почнувајќи од околу 20 евра до 100 евра.

Facebook Коментари