ФИФА донесе одлука, Светското првенство во 2026 година во три држави

World-Cup-Trophy-600x400

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Канда, Мексико и Соединетите Американски Држави.

Оваа одлука беше донесена со гласање на кое беа присутни 210 членови на ФИФА, а на крајот официјално беше потврдено дека Мундијалот за осум години ќе се одржи во Канада, Мексико и САД.

Овие три држави добија 134 гласови, или вкупно 67 проценти, додека пак Мароко кој беше вториот кандидат за организација на Светското првенство доби 65 гласови (33%).

Во САД ќе се одржат повеќето натпревари од Мундијалот, 60 од вкупно 80, вклучувајќи ги сите средби од четвртфиналињата па натака.

Оваа година Светското првенство се одржува во Русија, а за четири години истото ќе се одржи во Катар.

Facebook Коментари