Поврзете се со нас

Македонија

ФИБА побара помош од фановите: Кој е најубавиот македонски дрес (Фото)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Македонската кошаркарска репрезентација се наоѓа во средина на квалификации за Европско првенство, а во пресрет на последниот прозорец кој ќе одлучи дали има место за нас на главниот турнир, ФИБА постави едно интересно прашање до фановите.

Интернационалната кошаркарска Федерација реши да издвои четири најубави македонски униформи во кои настапувала нашата репрезентација во изминатите три децении, а на сликите се презентирани легендарни играчи кои одбележаа неколку генерации.

Пеце Наумовски го претставува првиот дрес кој датира од далечната 1999-та година, втор е Перо Антиќ со дресот од историскиот настап на Европското првенство, а од екс кошаркарите, претставен е и Владо Илиевски со комбинацијата од 2015-та година.

Како претставник од актуелниот тим секако е презентиран Ненад Димитријевиќ, и тоа со дресот кој моментално се натпреварува најсилната репрезентација.

Фановите на социјалните мрежи добија за задача да го бираат најубавиот од четирите македонски дресови, а во анкетата воглавно се вклучија македонски симпатизери.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни