Поврзете се со нас

Репрезентација

ФИБА направи скандалозен пропуст и ни додели уште една додавка на името на ЕП во Тбилиси (Фото)

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години брзо се рехабилитираше од вчерашниот пораз од Шведска, такашто ова попладне покажа дека е неколку класи подобра селекција од онаа на Косово.

Нашите надежи сосема заслужено славеа победа од 85:67, но за жал доброто издание на Европското првенство Б дивизија во Тблиси остана во сенка на огромниот пропуст на организаторот.

ФИБА направи скандалозна грешка и повеќе од едно полувреме ја претставуваше Македонија како Северена Македонија Косово, односно бевме комплетно преименети од страна на најважното кошаркарско тело.

Ова траеше во текот на цело прво полувреме, а истото име беше покажано и за време на паузата меѓу двете полувремиња.

Грешката беше поправена дури пред стартот на второто полувреме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни