Поврзете се со нас

Европски првенства

ФИБА ја објави листата: Словенија е прв фаворит за пехарот на ЕП

Објавено

на

За точно еден месец започнува 41. Европско првенство кое ќе се одигра во четири земји и тоа Грузија, Чешка, Германија и Италија.

Со оглед на објавените ростери на репрезентациите не очекува супер шампионат во кој треба да видиме големо борба, надмудрување, неизвесност, драма од почетокот до самиот крај.

Со оглед на тоа што сме многу блиску до шампионатот од ФИБА објавија листа во која се рангирани сите селекции и тоа што може да се очекува од нив на големата кошаркарска сцена. Според мислењето на ФИБА фаворит број еден за тронот е Словенија која воедно е и актуелен првак.

Во топ три се уште Франција и Грција, односно ако се оствари оваа прогноза Србија ќе остане без медал со оглед на тоа што е на четвртата позиција.

Ова е целосната листа, рангирање на 24 учесници:

1. Словенија
2. Франција
3. Грција
4. Србија
5. Литванија
6. Шпанија
7. Турција
8. Италија
9. Германија
10. Чешка
11. Хрватска
12. Финска
13. Израел
14. Грузија
15. Полска
16. Босна и Херцеговина
17. Црна Гора
18. Белгија
19. Украина
20. Велика Британија
21. Унгарија
22. Бугарија
23. Естонија
24. Холандија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни