Поврзете се со нас

Репрезентација

ФИБА донесе одлука: Македонија во Талин ќе ги игра ноемврските квалификации за ЕП

Објавено

на

Во месец септември стана јасно дека квалификациите за Европското првенство ќе мораме да ги завршиме на поинаков начин, со турнири во т.н. „меури“ (“bubbles”) поради ситуацијата со коронавирусот, па така сега ФИБА донесе одлука ноемврскиот прозорец да го играме во Талин.

ФИБА реши да им даде предност на оние држави кои наредните две средби требаа да ги играат на домашне терен со секако плус гаранции за организација на настанот, поточно сите безбедносни протоколи за непречено одржување на турнирот.

Ова значи дека избраниците на Тодоров на 27 ноември ќе се соочат со Италија, додека на 30 ќе играме со домаќинот Естонија кој да потсетиме не победи во Скопје.

Што се однесува пак за нашата женска сениорска репрезентација, своите наредни квалификациски натпревари ќе ги одигра во Рига.

Во Летонија ќе биде реализиран номеврискиот „прозорец“ во групата „И“ во кој избраниот тим на селекторот Владимир Ѓоровиќ го чекаат мечеви против селекциите на Хрватска и Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни