Поврзете се со нас

Репрезентација

ФИБА: Дали Македонија го направи најголемото изненадување во историјата? (Видео)

Објавено

на

Четиринаесетти септември има посебно место во историјата на македонскиот спорт, бидејќи тоа е денот кога нашата најдобра кошкаркарска генерација направи неверојатен подвиг против домаќинот на Европското првенство во 2011-та година.

Македонија во луд и драматичен финиш ја победи домашната Литванија со 65:63 во Каунас, а на еден ден од одбележувањето на десетгодишнината, Светската кошаркарска Федерација имаше интересна објава.

ФИБА го посочи триумфот на Македонија како едно од најголемите изненадувања во историјата на европската кошарка, потенцирајќи дека Македонија и Владо Илиевски ја шокираа Литванија на нејзин терен.

– Најголемото изненадување во историјата на европските првенства? Пред десет години, Македонија и Владо Илиевски ја шокираа Литванија, пишува во објавата на ФИБА.

Македонскиот тим ги освои симпатиите на неутралните кошаркарски фанови во 2011-та година и од Европското првенство се врати како четврта најдобра репрезентација на стариот континент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни