Формула 1
ФИА направи циркус: Ја поништи казната на Алонсо и му го врати Ф1 јубилејот (Фото)

ФИА уште еднаш покажа дека може да носи непромислени и избрзани одлуки, бидејќи речиси четири часа по првичната казна која му ја врачи на Фернандо Алонсо, на крајот процени дека истата не е доволно оправдана со докази.
Шпанскиот ветеран беше трет најбрз возач на патеката во Џеда и заврши зад двоецот на Ред Бул, но по крајот на церемонијата во Саудиска Арабија, пристигна информација дека ќе добие казна од 10 секунди, втора на трката.
Поради погрешно позиционирање на стартот, Фернандо мораше да одработи казна од пет секунди во боксот, меѓутоа додека го правел тоа, еден од механичарите бил многу блиску до задниот дел и првично се заклучи дека го допрел болидот. Поради правилото да не се допира болидот додека возачот отслужува казна, Алонсо заработи нова суспензија од 10 секунди и го загуби третото место, но нешто пред полноќ оваа одлука беше поништена.
ФИА информираше дека бил направен детален преглед, а ново видео покажало дека пријавата на Мерцедес е невалидна, бидејќи механичарот не воспоставил контакт со болидот на Шпанецот.
Со ова, ФИА му го врати третото место на Алонсо, па така му беше вратен и 100-от подиум кој го оствари во кариерата.
BREAKING: Fernando Alonso's third place in Jeddah is reinstated!#SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/afmhn9rh3B
— Formula 1 (@F1) March 19, 2023
Fernando Alonso. The Centurion. 💯#SaudiArabianGP #F1 @alo_oficial pic.twitter.com/pD4LPgzrNk
— Formula 1 (@F1) March 19, 2023
-
АТПпред 19 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 21 час
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Реал Мадрид во завршни преговори за засилување од Хетафе
-
АТПпред 20 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Светпред 16 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 21 час
Реал се засили со соиграч на Димитриевски (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
АТПпред 6 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!