Формула 1
ФИА му додели втора казна на Алонсо, Шпанецот остана без третото место (Видео)

Ред Бул на трката за Големата награда на Саудиска Арабија само ја потврди доминацијата која ја има во однос на конкуренцијата, па еден-два триумфот на Перез и Ферстапен беше лесно остварлив дури и во ситуација кога Макс стартуваше 15-ти.
Двајцата возачи на Ред Бул ја завршија трката со огромна предност пред Фернандо Алонсо, кој по крајот на трката за жал остана без својот 100-ти подиум во кариерата.
Поради лошо позиционирање на стартот, Алонсо беше казнет со пет секунди и мораше да ја отслужи казната во боксот, но додека го правел тоа, еден од механичарите направил голема грешка.
Правилата велат дека механичарите не смеат да го допрат болидот додека се отслужува казна, а еден од нив имал мал контакт со задниот дел од болидот на Алонсо.
По пријава на Мерцедес, Алонсо доби казна од 10 секунди по крајот на церемонијата во Џеда, што значеше дека Фернандо го губи третото место и на крајот е четврти. Алонсо имаше пет секунди предност пред Расел, па третото место на крајот му припадна на Британецот.
Taking a closer look at that all-important pit stop 🔎#SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/P9O1lnqWaN
— Formula 1 (@F1) March 19, 2023
-
АТПпред 18 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 20 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Реал Мадрид во завршни преговори за засилување од Хетафе
-
АТПпред 19 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Англијапред 23 часа
Рио го „амнестираше“ Јунајтед и смета дека Арсенал е виновен што Сити е на чекор до трет трофеј
-
Светпред 15 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 20 часа
Реал се засили со соиграч на Димитриевски (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал