Поврзете се со нас

Формула 1

ФИА ги откажа саботните квалификации во Бразил, Ф1 правилата одат во прилог на Норис

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Гран-при викендот во Бразил добива чуден тек по извозениот спринт оваа сабота, бидејќи веднаш по крајот на возбудувањата, значително се влошија временските услови над Интерлагос патеката.

Силниот дожд и временските непогоди ги одложија квалификациите неколку часа, но откако стјуардите утврдија дека веќе нема услови за возење и поради лоша прегледност и видливост, саботните квалификациите беа официјално откажани.

ФИА објави дека квалификациите дефинитивно нема да се возат до крајот на денот, а сега непознато е дали воопшто ќе има време возачите да се борат за пол-позицијата пред утрешната трка.

Според правилата, квалификациите мора да завршат четири часа пред почетокот на главната трка, но во овој момент навистина непознато е дали времето ќе дозволи такво нешто.

Доколку не се создадат услови за квалификации и утре пред трката, убедливо најголем губитник ќе биде Макс Ферстапен, бидејќи правилата велат дека во такви услови се земаат во предвид резулатите од првиот петочен тренинг.

Ферстапен заврши 15-ти на тој тренинг, но бидејќи има и казна од пет позиции, во такво сценарио би стартувал 20-ти. Ландо Норис би стартувал први, што значи дека така Британецот би имал уште поголема шанса да ја намали негативата во генералниот пласман.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни