Формула 1
ФИА: Формула 1 може да се одржува и со позитивни тестови
Формула 1 сезоната требаше да започне во Австралија, но откако првата трка беше одложена по позитивен тест за коронавирус во таборот на Мекларен, следуваше серија поместувања и откажувања.
Сега, најоптимистичкото сценарио е сезоната да започне со две трки во Австрија на стартот на јули, а одговорните во ФИА велат дека Ф1 шампионатот може да се носи и со позитивни тестови на вирусот.
– Мислам дека ситуацијата меѓу Австралија и најавената трка во Австрија, информациите за вирусот се поинакви, можеме да предвидиме и превенираме различни ситуации.
– Ако имаме еден позитивен тест, па дури и десет позитивни тестови, можеме да го менаџираме проблемот перфектно со специјален протокол за таква ситуација. Сепак, мислам дека мора да има и црвена линија за да знаеме до каде може да се оди, – изјавил Џерард Саилант, претседател на медицинската комисија на ФИА.
Во ФИА се свесни и на реакциите кои ќе се појават во јавноста доколку првенството се одржува со актуелни позитивни тестови на коронавирусот, но сметаат дека ризикот сериозно ќе се намали со изолација на клубовите.
-
Балканпред 20 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 5 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 21 час
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик