ФИА донесе конечна одлука за прекршокот кој го направи Хамилтон

hamilton-germany

Комисијата на ФИА го повика Луис Хамилтон заедно со еден член на Мерцедес за да дадат образложени за конфузинот потег на трката за Големата награда на Германија, односно за моментот кога актуелниот светски шампион првично влезе во делот кон води кон боксот, а потоа по корекција на тимот скршна и преку тревата се врати на патеката.

Со овој потег, Хамилтон го поврди членот 4 од Л правилото во Формула 1, но иако многумина најавуваа дека Британецот ќе биде казнет со пет секунди како што беше случајот со Раиконене пред две години (тоа ќе значеше дека го губи првото место), сепак комисијата на ФИА одлучи во овој случај да биде поблага.

Стјуардите процениле дека Хамилтон нема никаква вина во дадената ситуација, па конечната одлука е дека минува само со опомена, прва за него оваа сезона. Тоа значи дека Хамилтон ќе ги задржи сите 25 бода од првото освоено место во Германија, а победата секако ќе има огромна значње за него со оглед на тоа што направи пресврт од 14-то место.

Facebook Коментари