ФФМ вети фантастична премија евра за прво место во групата од „Лига на нации“

slavje vodstvo od korner strumica 2017

Историската шанса за сениорската фудбалска репрезентација на Македонија да биде дел од најквалитетното европско натпреварување во 2020 година преку освојување на „Лигата на нациите“ сега е дополнително стимулирано со масивна премија ветена од страна на ФФМ.

Нашиот А национален тим е во група со Ерманија, Гибралтар и Лихтенштајн, а веќе во септември го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство преку новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации. Според денеска објавеното соопштение од ФФМ, донесена е одлука за исплата на вкупна премија од 350. илјади евра како парична награда која би ја поделиле фудбалерите и стручниот штаб за освоено прво место во групата.

– Првото место во групата е еден од приоритетите не само за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата, туку и за Фудбалската федерација на Македонија. Сите се убедени дека во оваа репрезентација има и фудбалски и стручен квалитет за освојување на првото место во групата. На капитенот Горан Пандев и неговите соиграчи од репрезентацијата им посакуваме многу среќа во новиот циклус,- се вели во соопштението.

Првиот натпреавар го играме на 6. септември против Гибралтар на гостински терен. На 9. септември во Скопје гостува селекцијата на Ерменија.

Facebook Коментари