Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ со ждрепка ги одреди новите второлигаши во македонскиот фудбал

Објавено

на

Вториот бран од коронавирусот кој ја погоди нашата земја ги помати планираните бараж средби за пласман во вторите фудбалски лиги во нашата земја, па поради тоа ФФМ мораше да ги откаже истите и да се одлучи за најнепопуларното решение.

Наместо на теренот, патниците во втората лига се одредија на „зелената маса“, односно по направениот ждреб во македонската куќа на фудбалот кој се одржа ова попладне. Претставниците на сите клубови беа сведоци на извлекувањето кое не фаворизираше никого, а кое на крајот им донесе среќа на неколку клуба.

– На извлекување во „Куќа на фудбалот“ на кои учествуваа претставници на трите екипи, ФК Чаклани – Добри Дол, ФК Велешта – Велешта и ФК Фортуна – Скопје, ждребот одлучи тимот на ФК Велешта – Велешта да биде дел од македонската Втора фудбалска лига.

Според пропозициите, ждреб одлучуваше за пополнување на Втора МФЛ – Запад, откако здравствените услови не дозволија екипите да ги одиграат бараж натпреварите за место во повисок ранг.

Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница да бидат дел од Втора МФЛ – Исток. Одлуката е донесена откако ФК Питу Гули – Крушево го откажа своето учество од Втора МФЛ и натпреварувањето ќе го продолжи во Трета МФЛ – Централен регион, – гласи соопштението на ФФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни