Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ со порака за ФК Гостивар: Фудбалот треба да обединува во вакви тешки моменти

Објавено

на

Фудбалската федерација на Македонија ги минимизира своите активности во периодот на седумдневна жалост, а очигледно во фудбалската централа не планираат да разменуваат дописи и мислења со клубовите кои се незадоволни од одредени случувања.

Таков е случајот на ФК Гостивар, прволигашот кој денеска доби директна порака од ФФМ.

– Фудбалската федерација на Македонија, соодветно на моментот, во денови на жалост, се воздржува од активности кои не се во склад со почитта што ја искажуваме во овие тешки моменти.

– Во тој контекст, сакаме да нагласиме дека ФФМ нема да се занимава со одредени интереси на клубови, ниту ќе разменуваме несоодветни дописи во овој период.

– Веруваме дека сите фудбалски клубови имаат разбирање и ќе ги почитуваат овие денови соодветно.

– Во таа насока, апелираме до ФК Гостивар да ги почитува овие моменти и своите интереси да ги брани и докажува на зелениот терен, наместо преку дописи и притисоци во јавноста. Посебно, што немаат никаква причина за тоа.

– Во вакви моменти, фудбалот и спортот воопшто, треба да обединува, а не да се користи за дневни интереси, особено во денови на жалост.

– Веруваме дека заедно ќе покажеме почит и достоинство, стои во соопштението на ФФМ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни