Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ со голема тага ја сподели веста за починатиот Ѕинго: Да продолжиме по патот кој тој го трасираше

Објавено

на

Македонскиот фудбал денеска остана без еден од основоположниците на овој спорт по осамостојувањето на нашата земја, почесниот претседател на Фудаблската Федерација на Македонија, Љубисав Иванов.

Популарниот Ѕинго за жал денеска починал на 84 годишна возраст, човек кој ќе биде посебно запаметен по тоа што беше прв човек на фудбалската кратовска гордост Силекс, но и по фактот што беше претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија од 1993 до 1999-та година.

– Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.

Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал.

Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго, – гласи изјавата на првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни