Поврзете се со нас

Европски првенства

ФФМ со благодарна иницијатива: Предност за билети на историското ЕП ќе имаат големите херои кои водат тешка битка!

Објавено

на

Денеска во просториите на македонската куќа на фудбалот се одржа планираната седница на Управниот одбор при Фудбалската Федерација на Македонија, при што посебна одлука се донесе за распределба на билетите за натпреварите на историскиот прв настап на Европското првенство.

Претседателот Муамед Сејдини излезе со позитивна прогноза дека ќе има навивачи на трибините на Европското првенство кое ќе се игра во месец јуни наредната година, па понесен од една благодарна иницијатива, како прв човек на ФФМ одлучи Федерацијата предност за подарок влезници да им даде на сите медицински лица кои се во првите редови во борбата против Ковид – 19 (доктори, сестри, технички персонал).

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Муамед Сејдини – претседател на ФФМ:

Драги пријатели и поддржувачи на македонската репрезентација,

Би сакал заедно со Вас да споделам една благодарна иницијатива која заедно со Управниот одбор на федерацијата ја преточивме во одлука, а се однесува на распределбата на влезниците за Европското првенствокое 2021 година”.

Иако, во моментот се уште нема конечна одлука од УЕФА за бројот на влезниците за натпреварите од ЕУРО 2020 бидејќи здравствената ситуација може да наложи и да нема присуство на гледачи на стадионите (најнепосакувано сценарио за сите нас), сепак има надеж дека публика ќе има и секоја федерација ќе добие дел од влезниците за натпреварите на Европското првенство.

Затоа одлучивме како награда, доколку ситуацијата со пандемијата се стави под контрола, како резултат за натчовечките напори и заложби кои секојдневно ги прават за заштита на нашето здравје во изминатиот период, а очигледно и во периодот што следува, приоритет за добивање на билети за следење на настапите на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство да имаат сите медицински лица кои се во првите редови во борбата против Ковид – 19 (доктори, сестри, технички персонал).

Јасно ми е дека ова е премалку, но чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста и повеќемесечниот труд што го вложуваат за да не заштитат сите нас.

Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности.

Најсреќен би бил кога во јуни 2021 година нашите медицински лица би ги замениле маските и скафандерите со навивачки реквизити, кога трагите од нив и уморот на нивните лица ќе ги заменат со насмевки за головите што нашите ќе ги постигнат на Европското првенство.

Останете во добро здравје, чувајте се и бидете солидарни и со другите околу вас.

Заеднички и во одлично расположение да го дочекаме Европското првенство и да се радуваме заедно со нашите момци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни