Победнички да ја завршиме најдобрата година во македонскиот фудбал!

slavje vodstvo od korner strumica 2017

Македонскиот фудбал во 2017 година ги бележи најдобрите резултати во својата историја: генерацијата фудбалери до 21 година учествуваше на Европското првенство во Полска, А селекцијата и другите млади селекции забележуваат победи во својата конкуренција, а голем исчекор на европската сцена направи и клубскиот фудбал.  Да ја завршиме годината победнички !

Македонија до 19 години е на чекор од Елитна УЕФА фаза за пласман на Европско првенство. Со големиот триумф против Швајцарија, нашата „златна генерација“ е многу близу до остварување на зацртаната цел и влез меѓу најдобрите младински тимови во Европа. Селекцијата создавана во изминатите четири години, предводена од Елиф Елмас, со Јани Атанасов, Дарко Чурлинов, Димитар Митровски, Кристијан Трапановски, Бојан Миовски, како и Трајановски, Тодоров, Феруковски и останатите „уметници“ на Вујадин Станојковиќ, ветува нови големи резултати и блескава иднина не само во младинските селекции, туку и повеќе од здрава конкуренција за најдобриот македонски состав.

Успесите на националните репрезентации на Македонија во последната година потврдуваат дека жестоките зборови на раководството на Фудбалската федерација на Македонија за развој и успех на македонскиот младински фудбал се претворени на дело, а нивните зборови не биле само „предизборно-постизборен маркетинг“. Ги засукаа ракавите и од првиот ден од својот мандат тргнаа во расчистување на бројните аномалии и куриозитети на македонскиот младински фудбал акумулирани во последните две децении.

Македонија до 17 години веќе обезбеди пласман во Елитната фаза за пласман на Европско првенство. По повеќе од една деценија влеговме меѓу најдобрите, а младите фудбалери и во квалификациите за ЕП жестоко ќе гризаат да се докажат и пред Станиќ и пред Милевски, тренерите, пред навивачите. Се што бараа е – шанса и услови. Вистинско уживање е да се види квалификациски турнир кои го одбележуваат играчи кои се викаат Андов, Трпчевски, Секулов, Тасевски, Тошевски…деца од домашните инкубатори, нови ѕвезди на македонскиот фудбал.

Прв пат во нашата фудбалска историја две репрезентации имаат шанса за влез во Елитна фаза, а тоа е уште една потврда за правилните одлуки кои ги носи федерацијата, а се однесуваат на младите фудбалери. ФФМ воведе „мерна единица“ за квалитетот не само за фудбалерите кои го носат националниот дрес, туку и за селекторите и тренерите кои ги предводат и одговараат за нивната работа.

Успехот на Македонија до 17 и Македонија до 19 години е само надополнување на најголемиот резултат во нашата фудбалска историја, а тоа секако е пласманот на Македонија до 21 година на Европското првенство во Полска.

ПОБЕДНИЧКИ да ја завршиме најдобрата година во македонскиот фудбал!

Сениорската репрезентација на Македонија годинава има само еден пораз, од поранешниот светски и европски првак, Шпанија. Селекцијата на Игор Ангеловски во Торино против Италија го запиша еден од најдобрите резултати во својата историја, славеше на гости против Израел, победивме против Лихтенштајн, против Белорусија, одигравме нерешено со Албанија и Турција.

Ако еден Горан Пандев вели „ После химната, нема замор. Сите ние чувствуваме посебна енергија кога играме за репрезентацијата“, тогаш знаете дека и во најдобриот тим работите се поставени на вистински начин. Натпреварите на репрезентацијата на Македонија се одлични, играта прекрасна, да им дадеме поддршка.

Бодри ја Македонија!

Makedonija-pozdrav

Facebook Коментари