Македонија
ФФМ објави колку долго ќе трае преодниот рок во Македонија
Управниот Одбор при Фудбалската Федерација на Македонија минатата седмица процени дека нема никакви услови за нормално продолжување на сезоната, па поради тоа, истата ја прогласи за неважечка.
Пандемијата со коронавирусот ги поремети сите спортски случувања во нашата земја, а иако првично беше проценето дека ќе се продолжи натпреварувачката сезона, вториот бран на заразени од КОВИД-19 и заболувањата кај фудбалерите ги натераа одговорните луѓе да ја променат одлуката.
Ваквиот расплет на настаните ги приморува клубовите веќе да се насочат со мислите кон наредната натпреварувачак сезона која сите се надеваме дека ќе почне во нормален тек, а дотогаш, ФФМ даде јасни насоки за тоа како ќе се одвива традиционалниот летен преоден рок.
Во ситуација кога мора да се одложат и сите квалификациски натпревари за во европските натпреварувања, македонската куќа на фудбалот ги информираше клубовите дека преодниот рок ќе трае два и пол месеци.
– Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите засегнати страни дека согласно Одлуката на У.О. за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите категории, вклучително и Прва МФЛ, летниот преоден рок почнува на 15. јуни и ќе трае до 31. август 2020. година.
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства5 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства17 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација21 час
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства7 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација19 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор